Египет

Напад врз џамија во Синај, најмалку 184 лица загинати

Вооружено лице ја нападна преполната џамија во египетската провинција Северен Синај прво со бомба потоа со оружје, при што загинаа најмалку 184 лица во еден од најсмртоносните напади во земјата во скорешно време, објавија државните медиуми, пренесе АФП.

Експлозијата на бомбата одекна низ џамијата Равда, која се наоѓа околу 40 километри западно од главниот град на Северен Синај Ел-Ариш, пред напаѓачот да отвори оган врз верниците собрани за неделните петочни молитви, рекоа официјални лица.

Државната телевизија објави дека најмалку 184 лица загинале, а 125 се повредени во нападот, што е без преседан во четиригодишниот бунт на исламистичките екстремистички групи.

Египетската гранка на групата на исламската држава уби стотици полицајци и војници, како и цивили обвинети за работа со властите, во напади во северниот дел на Синајскиот полуостров.

Тие, исто така, ги целат и следбениците на мистичниот Суфи огранок на сунитскиот ислам, како и христијаните.

Кабинетот на претседателот свика итен состанок и прогласи тридневна жалост  поради терористичкиот напад.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе