Тероризмот не е исклучен

Напад во Норвешка со лак и стрела, 5 загинати, 2 лица ранети

Пет лица загинаа, а други две се повредени во вчерашниот напад со лак и стрела во Норвешка, јавија локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Маж изврши напад со лак и стрела во градот Конгсберг, кој бори околу 28.000 жители и се наоѓа југозападно од Осло.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел некое друго оружје.

Полицијата утрово соопшти дека напаѓачот е 37-годишен дански државјанин кој живее во Конгсберг. Сè уште не го откри неговиот идентитет ниту за што точно е обвинет, пишува Си-ен-ен.

„Веруваме дека осомничениот дејствувал сам за време на нападот“, соопшти полицијата.

Меѓу повредените, кои во моментов се во болница, има полицаец кој не бил на должност.

Нападот се случил во 6:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали има врска со тероризмот.

„Сè уште не е јасно, прерано е да се каже дали станува збор за терористички напад“, изјави вчера портпаролот на норвешката полиција.

Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека ќе изврши претрес во станот во кој живеел напаѓачот. Засега изгледа дека дејствувал сам.

По нападот, полициската управа им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската управа рече дека ова е мерка на претпазливост и дека „засега нема индикации дека ќе има промена на националното ниво на опасност“.

Бројот на убиени го прави ова најлош напад во Норвешка од 2011 година, кога крајно десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствувале на политички камп за млади.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе