Напад во Кина: напаѓач со грабнат автобус се заби во толпа и уби пет луѓе (ВИДЕО)

Неименуван маж од Лонгјанг во Кина грабнал денес автобус со кој неколку моменти подоцна се забил во група луѓе убивајќи пет, а повредувајќи 21 лице, пренесуваат агенциите.

Инцидентот се случил во крајбрежната провинција Фуџијан на југоистокот на земјата. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата го совладала напаѓачот.

Тој најпрво почнал да напаѓа луѓе со нож, а кога му се спротивставиле, седнал зад воланот на автобус и се залетал во толпата. Се верува дека еден од убиените е полицаец.

На снимките што набрзо се појавија на социјалните мрежи се гледаат делови од уништени возила како и полицијата која се пресметува со напаѓачот.

На други снимки се гледаат и луѓе како лежат на земја, а најверојатно станува збор за повредените.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе