Напад во Франција: уапсен маж кој извикувал „Алаху акбар“ и повредил седум луѓе (ВИДЕО)

Во францускиот град Тулуз денес попладне 40-годишен маж кој не бил вооружен, физички нападнал и повредил седум луѓе, пренесуваат агенциите.

Меѓу нив се и тројца полицајци кои биле повредени при апсењето на напаѓачот, кој додека напаѓал извикувал „Алаху акбар“ (Бог е голем на арапски).

Двајца од нападнатите се префрлени во болница со полесни повреди.

„Разговаравме на улица а тој почна да нѐ удира. Прво го удри мојот син, а потоа и мојата ќерка. Веднаш избегавме“, пренесуваат француските медиуми изјава на еден од сведоците.

Полициски извори наведуваат дека напаѓачот има психолошки нарушувања.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе