Напад во американско училиште, застрелани ученици и полицаец (ВИДЕО)

Во средното училиште Остин ист магнет хај во Ноксвил, во американската сојузна држава Тенеси, се случи напад со огнено оружје.

EPA-EFE

Полицијата на Ноксвил потврди дека во нападот има повеќе застрелани, меѓу кои неколку ученици и еден полицаец, кој е префрлен во болница. Полицаецот е ранет во колкот и префрлен во болница, каде е подложен на операција. Неговата повреда не е опасна по животот, пренесуваат американските медиуми.

Локалната телевизија ВТХР објави дека напаѓачот е застрелан и убиен.

На местото на настанот има многу полиција, а на Твитер е објавена фотографија од местото на нападот на која се гледаат и возила на брза помош.

Полицијата добила дојава дека во училиштето се пука. Полицајците веднаш влегле во зградата, и веднаш било пукано во нив.

Извор запознаен со ситуацијата за локалниот Ноксвил њуз сентинел кажал дека ситуацијата повеќе не е активна, но полицијата и понатаму бара од јавноста да го избегнува местото на нападот.

На блиско бејзбол игралиште е организирано место каде родителите можат да се најдат со учениците кои не се ранети во нападот.

Боб Томас, надзорник на училиштата во округот Нокс, на Твитер го потврди нападот, додавајќи дека зградата на училиштето е обезбедена.

„Училиштето е обезбедено, а учениците кои не биле вклучени во инцидентот се пуштени кај своите семејства“, напиша Томас.

Додаде дека властите собираат информации за „трагичната ситуација“, додавајќи дека повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе