Напад со нож во седиштето на полицијата во Париз: убиени се најмалку четворица полицајци, напаѓачот е застрелан (ВИДЕО)

Најмалку четворица полицајци се убиени во напад со нож во седиштето на париската полиција, јавуваат агенциите. Напаѓачот, кој наводно бил вработен во главната станица, бил застрелан и убиен.

Седиштето на полицијата, сместено во срцето на француската престолнина, се наоѓа наспроти катедралата Нотр Дам.

Најмалку четворица полицајци се убиени, јави француската телевизија БФМ. Полициски извори за Ројтерс изјавија дека напаѓачот е убиен, додека портпаролот на полицијата одби да го коментира инцидентот.

Метро станицата во близина на главната полициска станица е затворена од безбедносни причини.

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристофер Кастанер, по нападот пристигнал во седиштето на полицијата.

Напаѓачот, според француските медиуми, е вработен во администрацијата во истата зграда, што му овозможило лесно да влезе во објектот. Се верува дека напаѓачот користел керамички нож кој не го откриваат детекторите на метал.

Нападот се случува еден ден по националниот штрајк на француската полиција поради насилството против полицајците и сѐ поголемиот број самоубиства меѓу припадниците на полицијата.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе