Палестинците го гаѓаа јужен Израел

Најжестоко ракетирање од Газа по неколку месеци – испукани се дваесет ракети (ВИДЕО)

Палестинските екстремисти од појасот Газа вечерва испукаа околу 20 ракети на југот на Израел, соопшти израелската војска.

Како што е наведено, десет ракети пресретнал израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

Ова е најжестокото ракетирање од Газа по неколку месеци, но немало повредени или штета, пренесоа израелските медиуми.

На баражниот ракетен оган му претходеше судир на границата меѓу Газа и Израел, во кој беше убиен еден Палестинец, а втор беше ранет додека се обидувале да постават експлозив.

Ракетниот напад, како што изгледа, е одмазда на екстремистичките организации во појасот Газа.

Исламски џихад и Хамас, кој владее во Газа, соопштија дека „крвта на мачениците не е пролеана залудно“. 

Додека израелските војници телото на убиениот го изнесувале од тампон-зоната околу појасот Газа со булдожер во придружба на тенк – што ги навреди Палестинците, група Палестинци фрлале врз нив камења, а се слушало и пукање. Палестинските медиуми известија дека четири лица се ранети од израелскиот оган.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе