Во ретка заедничка порака

Највисоките американски воени лидери го осудија нападот врз Конгресот

Здружениот генералштаб на американските вооружени сили, воени лидери од различни гранки на војската, во вторникот испратија ретка заедничка порака до американските војници, во која се наведува дека насилните немири минатата недела се напад врз уставниот процес на САД и се нелегални.

Фото: ЕПА

Заедничката порака следува по еднонеделниот молк на воените лидери по нападот врз Капитол од поддржувачите на претседателот Трамп.

Додека голем број членови на кабинетот на Трамп, вклучително и вршителот на должноста министер за одбрана, Крис Милер, го осудија упадот, главниот американски генерал, претседателот на Здружениот генералштаб, генералот Марк Мили, досега молчеше.

„Насилните немири во Вашингтон на 6 јануари 2021 година беа директен напад врз Конгресот на САД, зградата на Капитол и нашиот уставен процес“, порачаа седум генерали и еден адмирал во внатрешен меморандум до војниците, додавајќи дека војската останува посветена на заштита и одбрана на Уставот на земјата.

„Правата на слобода на говор и собирање не му даваат никому право да прибегне кон насилство и бунт“, се вели во меморандумот, чија содржина ја видел Ројтерс.

Воените лидери рекоа дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе биде инаугуриран на 20 јануари и ќе стане нивен врховен командант.

„Секој акт што ќе го попречи уставниот процес не е само против нашата традиција, нашите вредности и заклетва; тој е и против законот.“

Американските функционери рекоа дека Мили не ги коментирал настаните од минатата недела затоа што сакал да се држи надвор од политиката.

Молкот беше во остар контраст на јуни, кога Мили направи контроверзна прошетка до црква со Трамп, откако полицајци, поддржани од војниците на Националната гарда, употребија солзавец и гумени куршуми за да ја расчистат областа од мирните демонстранти, вели Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе