Највисокиот американски генерал тајно се јавувал во Кина од страв дека Трамп ќе почне војна

Највисокиот американски генерал тајно два пати му се јавил на својот кинески колега во последните месеци од мандатот на Доналд Трамп, загрижен дека американскиот претседател би можел да поттикне војна со Кина бидејќи се очекувало негово потенцијално губење на изборите, јавува Вашингтон пост.

EPA-EFE

Американскиот генерал Марк Мајли, началник на Генералштабот на американската војска, му се јавил на Ли Зуоченг од Народноослободителната војска на 30 октомври 2020 година, четири дена пред претседателските избори и повторно на 8 јануари, два дена по упадот на Трамповите поддржувачи во американски Капитол, пишува американскиот весник.

Во повиците, Мајли се обидувал да го убеди Ли дека САД се стабилни и дека нема да нападнат, и ако има напад, дека ќе го извести својот колега пред време, се наведува во извештајот.

Извештајот се темели на книгата „Опасност“ (Peril) на новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која се заснова на интервјуа со 200 извори и која ќе биде објавена следната недела.

Кабинетот на Мајли одби да коментира, а претставниците на Трамп не биле достапни за редакцијата на Вашингтон пост.

Трамп го именуваше Мајли на највисоката воена должност во 2018 година, но почна да го критикува, како што правеше со многу подредени, откако ги изгуби изборите од актуелниот американски претседател Џо Бајден и ја напушти Белата куќа на 20 јануари.

Мајли бил мотивиран да го контактира Пекинг вториот пат делумно и по повикот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која го прашала генералот кои мерки на заштита се на сила за да спречат „нестабилен претседател“ од наредување нуклеарен напад, се наведува во извештајот.

„Луд е. Знаеш дека е луд“, му кажа Пелоси на Мајли.

Според наведената транскрипција на повиците, генералот одговорил: „Се сложувам со вас во сè“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе