Порошенко

„Најважен совет: не му верувај на Путин“

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го посоветува својот наследник Владимир Зеленски да не се состанува на само со Владимир Путин.

„Најважниот совет е - да не му се верува на Путин. Јас би му советувал да не се сретнува сам со него“, рече Порошенко.

Тој исто така рече дека за време на претстојните преговори во рамките на „нормандиската четворка“, Зеленски не би требало да ја покренува темата за гасот, за Русија да не добие можност да оформи понуда за „евтин гас за важни политички отстапки“, бидејќи тоа би било неповолно за Украина.

Состанокот на лидерите на „нормандиската четворка“ за решавање на ситуацијата во Украина ќе се одржи на 9 декември во Париз.

Оценувајќи го состанокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е поголем оптимист во врска со исходот на претстојната средба.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе