Во југозападна Јапонија

Најстарата личност во светот вчера го прослави 118. роденден

Кане Танака, најстарата личност во светот, која се родила во годината на Илинденското востание и на првиот лет на браќата Рајт, во саботата го прослави својот 118-ти роденден во југозападна Јапонија.

Кане Танака, Јапонка родена на 2 јануари 1903 година, жителка на Фукуока, која според евиденцијата на Гинисовата книга на рекордите е најстарата жива личност во светот, вчера наполни 118 години.

Кане во март 2019 година од Гинис беше прогласена за најстарата личност на планетата, на возраст од 116. Меѓу оние родени истата година е и британскиот писател Џорџ Орвел.

Во септември минатата година, на 117 години и 261 ден, го постави и рекордот на сите времиња во Јапонија во однос на староста.

Танака живее во дом за стари лица во Фукуока, западна Јапонија, а роденденот го прославила со другите негови жители. Била задоволна и рекла „Сите ракоплескајте“, пренесе Јапан тајмс.

Кога ја прашале која е тајната на нејзината долговечност, Танака одговорила: „Јадењето вкусна храна и учењето“. Рекла дека целта ѝ е да доживее 120 години.

Кане редовно вежба и има голем апетит, а сака да јаде чоколада и да пие кока кола, според домот. Не ги прескокнува дневните оброци, а за време на пандемијата не се гледа со членовите на семејството.

„Тешка е ситуацијата поради пандемијата на коронавирусот, но Кане е супер“, рекол нејзиниот 61-годишен внук Еиџи. „Среќен сум што секој ден се забавува“.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе