Најсмртоносен ден во Мјанмар, убиени 38 луѓе (ВИДЕО)

Најмалку 38 луѓе се убиени во Мјанмар, и Обединетите нации 3 март го опишаа како „најкрвавиот ден“ откако воената хунта ја презема власта во таа земја пред еден месец.

EPA-EFE

Војската на Мјанмар на 1 февруари ја презема власта, ја смени владата и ја уапси цивилната премиерка Аунг Сан Су Кји, воведе полициски час во неколку града и забрани собирање на повеќе од пет лица.

Демонстрантите бараат ослободување на избраните владини лидери, вклучувајќи ја Су Кји, која ја држат во домашен притвор, како и крај на воената власт.

Су Кји повика од притвор на протести по воениот удар во Мјанмар.

Против неа во понеделникот беа поднесени нови обвиненија, еден месец откако беше ставена во притвор, со што беше прекинат речиси десетгодишниот експеримент за демократизација.

Претставничката на ОН во Мјанмар Кристин Шранер Бургенер кажа дека „најмалку 50 луѓе се убиени а многу се ранети“ од почетокот на пучот.

Таа наведе дека на видео-снимка се гледа како полицијата тепа невооружена доброволна медицинска екипа. Друга снимка, како што кажа, покажува како демонстрант е застрелан и веројатно убиен на улица.

„Прашав експерти за оружје, не е јасно, но се чини дека полициското оружје како 9-милиметарски митралези користи боева муниција“, кажа таа.

Извештаите од Мјанмар, пишува Би-би-си, зборуваат дека безбедносните сили пукаат без предупредување во големите толпи во бројни градови, вклучувајќи го најголемиот Јангон.

Меѓу убиените се две момчиња, на возраст од 14 и 17 години, соопшти организацијата Сејв д чилдрен, а наведуваат дека меѓу мртвите има и 19-годишна девојка.

Министрите за надворешни работи на соседните држави во југоисточна Азија одржаа вчера специјален состанок за ситуацијата во Мјанмар.

Бургенет ги повика ОН да преземат „многу силни мерки“ против генералите.

Папата Франциско на Твитер повика „дијалогот да ја победи репресијата“.

„Тажни вести за крвави судири и губење животи ни доаѓаат од Мјанмар. Апелирам до властите дека дијалогот може да превладее над репресијата и ја молам меѓународната заедница да обезбеди аспирациите на народот на Мјанмар да не се задушат“, напиша папата.

Војската во Мјанмар тврди дека ја презема власта поради наводната измама на општите избори во ноември 2020 година, на кои партијата Национална лига за демократија, на чело со Аунг Сан Су Кји однесе голема победа.

Како што пишува Би-би-си, војската не дава никакви докази за тие тврдења – наместо тоа ја замени изборната комисија и вети нови избори за една година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе