„Омразата ве прави глупави“

Најскромниот претседател во светот се повлече од политиката

Поранешниот претседател на Уругвај Хозе Мухика, кого многумина го нарекуваа најсиромашниот претседател во светот поради неговиот скромен начин на живот, поднесе оставка од функцијата сенатор и се повлече од активното занимавање со политика.

Фото: ЕПА

До 2015 година беше претседател на Уругвај, а потоа Мухика (85) ја извршуваше функцијата сенатор.

Оставката ја поднесе поради пандемијата на коронавирусот.

„Постои време во животот кога доаѓате и заминувате. Им благодарам на моите поддржувачи, кои ме поддржуваа 26 години. Со години во мојата градина не одгледувам омраза, ја научив тешката лекција што ми ја даде животот, омразата ве прави глупави“, рече Мухика.

Поради неговата возраст и хроничните здравствени проблеми, поради коронавирусот тој не може целосно да ја извршува својата должност и затоа поднесе оставка.

Инаку, додека беше претседател на Уругвај, тој донираше 97 проценти од својата плата, возеше фолксваген буба од 1987 година и продаваше цвеќиња, кои тој и неговата сопруга ги одгледуваа во сопствената градина. Живееше во скромна селска куќа покрај Монтевидео со својата сопруга, сенаторката и поранешна герилка Луција Тополански и триножното куче Мануел. Немаше телохранители, ниту возен парк.

Во 2015 Мухика изјави дека ќе прими 100 деца што се останати без домови од Сирија и предложи бегалците да се сместат во претседателското летувалиште. 

„Самите создадовме премногу непотребни предмети. Купуваме ново, го фрламе старото. И на тоа си ги трошиме животите. Кога нешто купуваме, ние тоа не го плаќаме со пари. Го плаќаме со часовите од животот што сме ги потрошиле за да ги заработиме тие пари. Разликата е во тоа што животот е единственото нешто што не може да се купи со пари. Животот само станува пократок. Жално е како човекот си го троши животот и својата слобода“, рече тогаш Мухика.

Познат и како Пепе, беше претседател на Уругвај од 2010 до 2015, а од функцијата си замина со повеќе од 65 проценти поддршка од јавноста.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе