Најшокантните сцени од окупираниот Вашингтон (ФОТО+ВИДЕО)

Америка е на работ на граѓанска војна откако приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп синоќа упаднаа во зградата на Конгресот.

Приврзаник на Трамп во канцеларијата на Ненси Пелоси. Фото: ЕПА

Конгресот на САД ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори, откако комплексот на Капитол беше „исчистен“ од приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп, кои ја прекинаа седницата, накратко ја окупираа зградата на Конгресот и предизвика немири во кои беа убиени најмалку четири лица.

Откако полицијата ја заврши четиричасовната опсада на американскиот Конгрес од гневните приврзаници на Трамп, официјалните лица го прогласија комплексот за безбеден.

Полицијата соопшти дека и приврзаниците на Трамп и припадниците на безбедносните сили користеле „хемиски надразнувачи“ за време на окупацијата на Конгресот од демонстрантите.

Ова се некои од најшокантните сцени досега.

 

Легенда под Главна слика

Приврзаник на Трамп во канцеларијата на Ненси Пелоси. Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе