На антивладини протести

Најпознатите руски јавни личности бараат ослободување на глумецот затворен за напад на полицаец

Најистакнатите руски новинари, поп-ѕвезди и актери тврдат дека актерот Павел Устинов е осуден неправедно. Тој е осуден за повредување полицаец на антивладин протест, и покрај тоа што видеата укажуваат дека е невин.

„Невозможно е да се молчи. Не може да ставите невин човек во затвор“, напиша актерката Јулија Снигир на Фејсбук.

„Цинизмот со кој се спроведе ова може да досегне до секого од нас“, објави актерот и режисер Данила Козловски на Инстаграм.

„Неправедноста ги урива владите“, напиша главната уредничка на Раша тудеј, Маргарита Симонјан, на Твитер.

Многумина едноставно споделија идентична визуелна порака за поддршка до Устинов (23) на своите профили на социјалните мрежи заедно со личната порака.

View this post on Instagram

Четыре сотрудника правоохранительных органов в шлемах и бронежилетах, сцепившись друг с другом локтями, образуя живую стену, задерживают (одного!!!) артиста Павла Устинова. Видео здесь: @tvrain_inside Позже, один из этих солдат жалуется на «вывих плеча». Это оказывается достаточным, чтобы Павла приговорить к трём с половиной годам лишения свободы!! Это исключительно сухой факт. А дальше сами делайте выводы и предоставляйте вполне реальное будущее, когда случайно оказавшись где нибудь рядом с митингом или с толпой народа, где вы вполне возможно, даже не поймёте в чем дело, Вас заберут люди в форме и бронежилетах, где позже выяснится, что одному из этих сотрудников во время задержания, Вы нанесли непоправимую глубокую царапину в районе ладони или страшную психологическую травму, за что Вас приговорят к лишению свободы на несколько (а то и более) лет. И вот так просто и страшно меняется человеческая жизнь, которая все больше и больше обесценивается и становится не важным. Сейчас дело не в цеховой солидарности, а в том, что это напрямую касается и меня, тоже. Чудовищная несправедливость и цинизм, с которым это делается, может коснуться каждого. #свободупавлуустинову

A post shared by Danilakozlovsky (@danilakozlovsky) on

Координираниот онлајн-протест е особено значаен бидејќи ги обедини и традиционалните опозициски фигури, со најмногу онлајн-следбеници, и мејнстрим ТВ-личностите и медиумски фигури што традиционално ѝ се лојални на владата. Сега десетици милиони луѓе ги следат оние што објавија поддршка за Устинов на социјалните медиуми.

Во понеделникот, московскиот суд го осуди Устинов на три и пол години во корективна колонија зашто му предизвикал физички и морални повреди на Александар Лјагин, полицаец за немири, кој помогнал тој да биде притворен за време на недозволените протести во руската престолнина на 3 август.

Лјагин му рекол на судијата дека поминал 20 дена во московска болница со дислоцирано рамо и имал писмени изјави со кои се потврдуваат неговите повреди од лекари и други службеници за спроведување на законот, присутни за време на демонстрациите, во кои беа приведени 600 лица.

Устинов се изјасни како невин, велејќи дека тој само ги набљудувал протестите, организирани како одговор на дисквалификувањето на голем број кандидати од опозицијата од изборите во градското собрание. Тој инсистираше дека ниту ги пцуел полицајците, ниту се обидел да се спротивстави на апсењето.

Видеата снимени со разни камери од повеќе агли ја потврдуваат неговата приказна, но судиите одбија да ги земат предвид како доказ во случајот.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе