Најпопуларно име лани во Берлин било - Мохамед

Центарот за германски јазик објави податоци за најпопуларните имиња на новороденчињата во Германија.

Ова здружение го објавува истото истражување уште од 1977 година, а го составува врз основа на податоците од германските канцеларии на матичарите.

Податоците за оваа година ги дале повеќе од 700 матични уредни низ цела Германија. Во нив се регистрирани над еден милион поединечни имиња. Тоа значи, се вели во истражувањето, дека околу 90 проценти од сите имиња што им се дадени на децата минатата година се забележани во матичните канцеларии.

Студијата покажала дека во сојузните покраини се гледа промена во однос на претходните години. Имено, името Мухамед се нашло меѓу десетте најпопуларни имиња во шест германски сојузни покраини.

Името Мохамед и неговите различни верзии се нашле во следните сојузни покраини меѓу првите 10 најпопуларни имиња: Берлин, Бремен, Хамбург, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Сар.

Во истражувањето, исто така, се собирале и информации за популарноста на имињата воопшто, вклучувајќи ги и имињата и презимињата, а на таа листа името Мохамед било најпопуларно во Берлин, Бремен и Сар.

Центарот наведува и дека популарноста на ова име се шири низ целата земја.

Сепак, на ниво на цела Германија, најпопуларните имиња за девојките се Мари, Софи и Марија. Кај момчињата, пак, тоа се Пол, Александер и Максимилијан.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе