Најмоќниот полски политичар се враќа во владата

Јарослав Качински, најмоќниот политичар во Полска и лидер на конзервативната партија Право и правда (ПиС), веројатно ќе стане заменик премиер во обид да се стави крај на конфликтот во владејачкото мнозинство.

EPA-EFE

„Сѐ упатува на тоа дека Јарослав Качински ќе влезе во владата како заменик премиер“, кажа претседателот на долниот дом на парламентот Ричард Терлецки.

Качински, кој беше премиер од 2006 до 2007 година, преферираше да ги следи случувањата од задните пратенички клупи откако партијата се врати на власт кон крајот на 2015 година и немапе официјална функција во извршната власт.

Како заменик премиер, Качински веројатно ќе претседава со новиот Одбор за безбедност кој ќе го надгледува министерството за правосудство, кажа Терлецки.

Конфликтот на неговата партија со фракцијата предводена од министерот за правосудство Збигњев Зјобро го одвлече владејачкото мнозинство предводено од ПиС во најсериозната внатрешна криза од враќањето на власт.

ПиС тврди дека Зјобро и пратениците лојални нему бараат премногу моќ во можното престројување на владиниот кабинет па почна да се нагаѓа за распаѓање на владејачкото мнозинство кое го има ПиС, што може да резултира со малцинска влада или предвремени избори.

Конфликтот се заостри кога фракцијата предводена од Зјобро не ги поддржа последните законски предлози кои се обиде да ги протурка ПиС.

Но по преговорите кои траеа 11 часа, вклучувајќи ги средбите на Качински и Зјобро, се приближиле кон постигнување договор, наведува ПиС.

Полска денес забележа рекорден пораст на бројот на заразени со 1.136 нови случаи, најмногу во пандемијата на коронавирусот.

Вкупно се забележани 82.809 случаи на зараза и 2.369 мртви.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе