Најмалку шест судови во Германија се евакуирани по заканите со бомби

Германската полиција ги пребара судниците во најмалку шест градови ширум земјата по заканите со бомба упатени денес по електронска пошта, изјавија официјални претставници.

Полицијата објави дека е евакуиран судот во источниот град Потсдам и во западниот град Визбаден, каде што е пронајден сомнителен пакет.

Судовите исто така се испразнети во централните градови Магдебург и Ерфурт и во северното пристаниште Кил, објави Хановерше алемајне цајтунг.

Уште еден суд е накратко затворен во Сарбрикен, недалеку од границата со Франција по заканата со бомба испратена по е-пошта, пишува Билд. Полицијата ја пребарала зградата и потоа дозволила судот да отвори, објави весникот.

„Во моментов сме во судска зграда во Потсдам. Таму денес е упатена закана за бомба. Слично составени закани примен се и во други градови“, објави полицијата на Твитер, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на полициските сили во Визбаден, Јоханес Нуман рече дека е премногу рано да се каже дали има поврзаност меѓу заканите. „Истрагата штотуку започна“, рече Нуман.

Германската сојузна полиција за закани дознала од медиумите и во моментов не е вклучена во каква било истрага поврзана со случајот, објави нејзината портпаролка.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе