Поради топлотен бран

Најмалку шест мртви при одрон на глечер во северна Италија (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа, а уште осум се повредени по вчерашната ледена лавина на Доломитите, до која дојде поради топлотниот бран што го зафати реонот.

Фото: скриншот

Уште десет лица се водат како исчезнати. Алпската спасувачка служба на Твитер објави дека сите спасувачки тимови се активни во областа, вклучувајќи кучиња трагачи и најмалку пет хеликоптери, пишува Си-ен-ен.

Одронот се случи на алпскиот врв кој се вика Мармолада, кој е висок нешто повеќе од 3300 метри. Повредените планинари, меѓу кои и едно лице во критична состојба, се пренесени во неколку болници во областа, соопштија спасувачите. Локалната служба за итни случаи на Твитер напиша дека се сомневаат дека на местото на одронот имало група од 15 планинари.

Лавината се случи во услови на рекордни температури за таа област, кои достигнаа околу 10 степени Целзиусови. Многу делови од Западна Европа, вклучително и Италија, поминаа низ долг топлотен бран минатиот месец.

„Она што започна како прекрасно патување со прекрасен поглед од Мармолада во Италија, за жал, се претвори во нешто што нема да го заборавиме додека сме живи.

На почетокот мислевме дека доаѓа авион...“, опиша еден сведок.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе