Во Мексико

Масакрирани најмалку 9 члена на мормонско семејство, претежно деца (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Шест деца се меѓу жртвите на масакр што му се припишува на организираниот криминал, рекоа членови на семејството. Одреден број деца се спасени, од кои некои се криеле покрај патот.

Вооружен напаѓач убил најмалку 9 члена на угледното семејство Лебарон, кое ѝ припаѓа на заедницата на мормоните, која пред неколку децении се има населено на планините и рамнините во северниот дел на Мексико.

Најмалку три жени и шест деца биле убиени вчера, кога нивните возила биле начекани во заседа во северно Мексико, од страна на напаѓачи за кои се верува дека се членови на организираниот криминал.

Роднини на Лебаронови за Ројтерс изјавиле дека се убиени девет лица, додека мексиканската влада официјално потврди дека загинале пет лица.

Членовите на семејството Лебарон, американски државјани што со децении живеат во фундаменталистичка мормонска заедница во пограничниот регион, патувале во три одделни возила кога вооружените лица нападнале, рекле неколку членови на семејството. Тие опишаа застрашувачка сцена во која едно дете било убиено додека бегало, додека другите биле заробени во запален автомобил. Неколку деца биле спасени, од кои некои се криеле покрај патот за да не бидат откриени од напаѓачите.

Две од убиените деца немале ни една година, а семејството стравува дека бројката на убиените може да биде поголема.

Мотивот за убиството, кое се случи во понеделникот на локалниот пат во мексиканската држава Сонора, на границата со Соединетите Држави, сè уште не е јасен.

На видеото што неколку члена на семејството го споделија на социјалните медиуми се гледа изгорено и со куршуми изрешетано теренско возило, во кое наводно биле жртвите во моментот на нападот.

„Ова е за да се знае. Нита и четири мои внучиња беа застрелани и изгорени“, се слуша потресен машки глас со американски акцент, најверојатно на човекот што ја направил снимката.

Во последните неколку недели во Мексико се случија бран напади, што беше шок дури и за оваа земја погодена од долгогодишно насилство во пресметките на наркокартелите.

Но бруталните убиства во понеделникот се ужасен преседан: среде бел ден се убиени бебиња, деца и нивните мајки. На жителите им е преку глава од бескрајните крвопролевања и од неспособноста на властите да ги спречат, вели Њујорк тајмс.

Сè уште не е познато кој стои зад нападот и дали убијците намерно го нападнале ова семејство, кое е познато по критикувањето на криминалните групи на северната граница, или пак е во прашање грешка.

По ова убиство на американски државјани се очекува притисок од САД врз мексиканскиот претседател да ги заузда вооружените групи во својата земја.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе