Најдолг досег

Најмалку 7 повредени, меѓу кои и две бебиња, во ракетен напад врз Израел од Газа (ФОТО+ВИДЕО)

Еден проектил директно погодил станбена зграда во регионот Шарон, срамнувајќи ја и предизвикувајќи пожар. Армијата испитува кој стои зад нападот.

Ракета испукана од појасот Газа погоди станбена зграда во центарот на Израел рано утрово, при што беа повредени најмалку седум лица, вклучувајќи и две бебиња. Објектот е срамнет со земја, велат властите.

Нападот ги вклучил сирените за воздушни напади околу 5:20 наутро во регионите на Шарон и Емек Хефер северно од Тел Авив, рече армијата.

Според армијата, ракетата била испукана од појасот Газа, од каде што минатата недела беа испукани и две ракети кон Тел Авив, а тогаш тоа беше објаснето како наводна „грешка“ на терористичката група Хамас.

Системот за ракетна одбрана Железна купола не се активирал од нападот на ракетите. Војската соопшти дека сè уште го истражува нападот, пренесе Тајмс оф Израел.

Постои страв дека насилството ќе се интензивира оваа недела. Хамас се надева дека викендот ќе привлече стотици илјади демонстранти на оградата, за да ја одбележи годината на т.н. протести Марш за враќање, кои почнаа на 30 март 2018 година.

Утрово шрапнелот од ракетниот напад предизвикал и значителни оштетувања на околината, бидејќи парчињата погодиле резервоар за гас пред зградата.

Пожарникари и спасувачи пристигнале на местото на настанот за да го изгаснат пожарот предизвикан од ракетата и да бараат преживеани што би можеле да бидат заробени во уништената зграда, соопшти пожарната служба.

Овој напад врз Мишмерет, кој се наоѓа на 80 километри од Појасот Газа, е ракетен напад со најдолг досег од енклавата од почетокот на војната во Газа во 2014 година, за време на која проектилите стигнуваа и северно од градот Хаифа.

Досегот на нападот и предизвиканата голема штета укажуваат дека тој е спроведен од една од поголемите терористички групи во Газа - или фактичките владетели на Појасот, Хамас, или Палестинскиот исламски џихад поддржан од Иран - кои имаат пристап до проектили со долг дострел и тешки боеви глави неопходни за таков напад.

Засега ниту една терористичка група во енклавата не презеде одговорност за лансирањето на ракетата. Израелската армија соопшти дека го испитува изворот на ракетниот напад.

Нема информации дека Израел ќе одговори воено.

Палестинските медиуми објавија дека терористичките групи во Појасот почнале да ги евакуираат своите позиции и бази пред израелските воздушни напади што се очекува да следуваат по ракетниот напад.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој е во САД за конференцијата АИПАК, бил информиран за нападот и планирал да разговара за ова прашање со шефот на персоналот на ИФФ, со советниците за национална безбедност и други високи претставници на одбраната.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека премиерот го прекинал патувањето и се враќа во Израел поради нападот, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имаше криминален напад врз државата Израел, и ние ќе одговориме жестоко", рече Нетанјаху во изјавата.

Израел утрово затвори два премини во Појасот Газа, соопшти Министерството за одбрана.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе