Тридневна жалост во Виена

Најмалку 5 мртви во „мошне професионалниот“ терористички напад во Виена (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Пет лица загинаа во нападите во Виена во понеделникот вечерта, меѓу кои и еден напаѓач. Освен него, убиени се и двајца мажи и две жени. Седумнаесет лица се тешко повредени. Неколкумина се уапсени во текот на ноќта, а во Австрија од денеска е прогласена тридневна жалост.

Фото: ЕПА

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, го опиша напаѓачот како „исламистички терорист“ и рече дека верува оти имало повеќе од еден напаѓач и дека истрагите продолжуваат.

Властите не успеаја да утврдат дали нападот бил антисемитски, но рекоа дека дефинитивно го извршила „радикализирана личност“. Претходно на прес-конференција Нехамер рече: „Доживеавме напад од исламистички терорист“.

Властите соопштија дека најмалку еден вооружен напаѓач останал во бегство во 1 часот по полноќ по Виена. Тој предупреди дека напаѓачите се „тешко вооружени и опасни“ и ги повика граѓаните да останат во затворен простор сѐ додека не добијат дозвола за излегување.

По нападот, кој почна синоќа нешто по 20 часот по локално време, 15 лица се повредени и пренесени во болница. Се смета дека еден од повредените е полицаец. Седуммина од повредените се во критична состојба, рече градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг.

Нападите почнаа со дожд од истрели од огнено оружје и се очекува бројот на повредените и жртвите да се зголеми.

Еден напаѓач бил застрелан од полицијата пред црквата Сент Руперт. Тој носел автоматска пушка, пиштоли и муниција. На неговото тело бил пронајден и елек со експлозив. Подоцна полицијата на Твитер соопшти дека елекот со експлозив е лажен.

Нападите, од непознат број напаѓачи, се случиле на шест локации близу до синагогата Зајтенштетенгасе во срцето на австриската престолнина.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги опиша нападите како „дефинитивно“ терористички напад, кој бил „многу професионално“ планиран.

Полицијата изврши претрес во домот на напаѓачот. Тие побараа од луѓето да не споделуваат видеа и слики на социјалните мрежи од нападите, но рекоа дека им се испратени 20.000 видеа.

Полицијата им порача на жителите да се држат настрана од центарот на Виена.

Нападот се случи минатата ноќ пред да почне новата блокада поради коронавирусот во градот.

Училиштата во Виена денеска ќе бидат затворени.

ЕУ, САД и другите светски лидери ја изразија својата солидарност со австрискиот народ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе