Најмалку 20 лица загинаа во руски напад врз градот Виница во централна Украина (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 90 се ранети во руски напади во централна Украина, соопштија украинските власти.

Фото: ЕПА

Цел на нападот бил градот Виница кој до сега бил донекаде поштеден од борбите.

Заменик-шефот на претседателскиот кабинет Кирило Тимошенко на социјалната мрежа Телеграм напиша дека во нападот загинале три деца, пренесе АП.

Украинската полиција соопшти дека три проектили погодиле деловна зграда и оштетиле станбени згради во Виница, југозападно од Киев.

Нападот е извршен со руски крстосувачки ракети „калибр“ кои се лансирани од подморници стационирани во Црното Море, додаде Тимошенко.

„Русија секој ден го уништува цивилното население, убива украински деца, насочува проектили кон цивилни објекти“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм. „Што е ова, ако не терористички акт?

„Непријателот држи подготвени 32 крстосувачки ракети од типот „калибр“ на три површински и два подморнички брода, а присутни се и два големи десантни брода“ во Црното Море, соопшти Оперативната команда Југ на вооружените сили на Украина во понеделникот.

Гувернерот на регионот Виница Серхи Борзов изјави дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана соборил четири руски ракети над Виница.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе