Најмалку 18 мртви и 59 ранети во нападот врз трговскиот центар во Кременчук (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 18 лица загинаа, а 59 се ранети во руски ракетен напад врз преполн трговски центар во централниот украински град Кременчук доцна попладне на 27 јуни, соопшти шефот на Државната служба за вонредни состојби, Серхиј Крук.

 

Службата за итни случаи сè уште трага по жртвите, изјави за Киев индипендент Максим Коваљев, службеник за печат на администрацијата на регионот Полтава.

Се очекува бројот на загинати да се зголеми додека спасувачите продолжуваат со потрагата, рече Ковалев.

Гувернерот на регионот Полтава изјави дека 36 лица се уште се водат како исчезнати по вчерашниот напад на трговскиот центар Кременчук, додека спасувачите продолжуваат да пребаруваат низ урнатините.
 
„Повеќе од илјада луѓе работеа цела ноќ на урнатините – спасувачи, полицајци, медицински лица и волонтери“, рече Дмитро Лунин во објава во раните утрински часови на Телеграм.

Украина вчера побара денеска да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради руското гранатирање на цивилни објекти во Киев и Кременчук.

Портпаролот на албанската дипломатска мисија во ОН рече дека неодамнешните напади врз станбен комплекс во Киев и трговски центар во Кременчук од страна на Русија „ќе бидат главна тема“ на седницата.

Светските лидери го осудија „одвратниот“ руски напад

Лидерите од целиот свет побрзаа да го осудат смртоносниот напад врз трговскиот центар во Кременчук, Украина, како „гнасно“ воено злосторство, а меѓународниот гнев расте поради нападот, пренесе Гардијан.

Во заедничката изјава, лидерите на Г7 го осудија „гнасниот напад“ и истакнаа дека нападите насочени кон цивили се „воено злосторство“.

„Ние стоиме обединети со Украина во тагата за невините жртви на овој брутален напад. Недискриминирачките напади врз невини цивили претставуваат воено злосторство. Рускиот претседател Путин и одговорните ќе одговараат.

Денеска ја истакнуваме нашата непоколеблива поддршка за Украина пред руската агресија, неоправдана војна по личен избор, која беснее 124 дена.“

Исто така, францускиот претседател Емануел Макрон го нарече нападот „одвратен“, велејќи: „Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот пред таквото злосторство. Рускиот народ треба да ја види вистината.“

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе