САД

Најмалку 17 мртви во престрелка во училиште на Флорида, напаѓачот уапсен (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 14 лица се однесени во блиските болници, објави Си-ен-ен.

 

Најмалку 17 лица се убиени вчера во пукање што се случи во средно училиште во Паркленд во американската држава Флорида, а полицијата го уапси напаѓачот, пренесе Си-ен-ен.

Шерифот на округот Брауард Скот Израел рече дека осомничениот напаѓач што е уапсен е 18-годишниот поранешен ученик на ова училиште, Николас Круз.

„Тој беше уапсен без инциденти надвор од кампусот“, рече Израел.

Најмалку 14 лица се однесени во блиските болници.

Директорот на училиштето Роберт Ранси рече дека има „многу мртви“ и дека ситуацијата е „ужасна“.

И сенаторот на Флорида Бил Нелсон изјави за Фокс Њуз дека „има многу мртви“, пишува Би-би-си.

Шерифот рече дека специјални тимови сега се во училиштето и ја проверуваат секоја зграда во комплексот за да се осигурат дека нема повеќе закани и да се види дали можеби има уште ранети ученици. Тој рече дека дошле и од ФБИ и дека почнува процесуирањето, како што опиша, на ужасната сцена.

„Ова е страшен ден... ова е катастрофално“, рече шерифот Израел.

Нападот се случил во време кога завршувале часовите во средното училиште Марџори Стоунмен Даглас во Паркланд, на источниот брег на Флорида. Училиштето има околу 2.000 ученици.

На снимките на локалните телевизии се гледаат повеќе амбулантни возила, пожарникари и многубројни полициски возила пред училиштето.

 

Телевизиите пренесуваат снимки на кои голем број ученици излегуваат од училиштето, многумина со рацете кренати во воздух, или зад главата.

Белата куќа ја откажа редовната прес-конференција по информациите за нападот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разговараше со гувернерот на Флорида, Рик Скот, и напиша дека Белата куќа тесно соработува со полицијата за „ужасниот напад врз училиште во Флорида“.

Тој претходно им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе