Потерата траела 12 часа

Најмалку 17 мртви во Канада, напаѓачот возел полициски автомобил (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се убиени во оружен напад во источна Канада, меѓу кои и полицаец.

Загина и осомничениот за напад во провинцијата Нова Шкотска, 51-годишниот Габриел Вортман, кого полицијата го нашла на бензинска пумпа.

Тој бил маскиран како полицаец и возел полициски автомобил, а потрагата траела 12 часа.

Ова е најсмртоносниот напад во модерната историја на Канада, затоа што бројот на жртвите го надмина оној во масакрот во Монтреал во 1989 година кога беа убиени 14 жени.

Полицијата соопшти дека веруваат „дека едно лице што се движело само во северниот дел на покраината е одговорно за сите убиства“.

Загина полицајката Хајди Стивенсон, мајка на две деца, со 23-годишно искуство, а еден полицаец е повреден.

Полицијата не го соопшти мотивот за нападот.

Инцидентот почнал во малиот, рурален град Портапик.

Локалното население извести и за неколку пожари во згради, што полицијата досега не го потврди.

Споменувајќи го пукањето за време на дневната конференција за коронавирусот, канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека станува збор за „страшна ситуација“ и ѝ се заблагодари на полицијата.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе