Најсмртоносен бродолом во 2020 година

Најмалку 140 мигранти се удавиле во близина на брегот на Сенегал

Најмалку 140 мигранти се удавиле во близина на брегот на Сенегал во најсмртоносниот бродолом оваа година, соопшти денес агенцијата на ОН, пренесе Си-ен-ен.

Брод со 200 патници се запали и се преврте во саботата само неколку часа откако испловил од рибарскиот град Мбоура, 100 километри јужно од главниот град Дакар, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Сенегалската и шпанската морнарица и околните рибари спасиле околу 60 луѓе, но „најмалку 140 лица се удавија“, соопшти ИОМ.

Опасниот морски премин од Западна Африка до Канарските острови некогаш бил главна рута за оние кои сакале да побегнат од сиромаштија. Обидите за бегство по таа рута станале поретки кога Шпанија ги засилила патролите во 2005 година, но оваа година нивниот број повторно се зголемува.

Оваа година 11.000 мигранти пристигнале на Канарските острови од Западна Африка, што е повеќе од четири пати повеќе отколку во истиот период во 2019 година, додаде ИОМ.

Четиринаесет чамци со 663 мигранти го напуштиле Сенегал во септември, а четвртина од нив се превртеле или претрпеле друг инцидент, соопшти ИОМ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе