Во автобус

Најмалку 14 повредени во напад со нож во Германија, напаѓачот уапсен

Најмалку 14 лица се повредени, меѓу кои двајца сериозно, во напад во автобус во германскиот град Либек, соопшти германската полиција. Напаѓачот е уапсен.

Луѓето „скокаа од автобусот и врескаа, беше страшно, а потоа повредените беа однесени“, велат сведоци на настанот за германските медиуми.

Друг сведок, која била во автобусот за време на нападот, рекла дека „една од жртвите тукушто ѝ стана на постара жена и напаѓачот го прободе во градите“.

„Тоа беше масакр!“, додала таа.

Полицијата потврди дека некои луѓе се ранети, но рече дека никој не е убиен. Според локалните медиуми, најмалку две лица се сериозно повредени, а други 12 имаат полесни повреди.

Напаѓачот е уапсен и сега е во притвор, но полицијата не даде детали за неговиот идентитет. Локалните медиуми го опишуваат како маж од иранско потекло на триесетина години.

Човекот оставил „запален ранец“ во автобусот, но пожарот веднаш беше изгаснат.

Осомничениот е германски државјанин и е роден во Германија, рече обвинителката Ула Хинст, додавајќи дека властите „немаат докази што наведуваат на политичка радикализација во каква било форма“. Истовремено, регионалниот министер за внатрешни работи, Ханс-Јоахим Гроте, рече дека иако „осомничениот не извикувал ништо и не зборувал“, би било „несоодветно да се отфрли терористичкиот мотив“.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе