Се тресеше и во Македонија

Најмалку 105 повредени во земјотресот во Албанија, тлото уште се тресе (ВИДЕО)

Најмалку 105 луѓе се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди вчера Албанија.

Тоа го покажуваат прелиминарните податоци соопштени на вонредната седница на владата одржана на полноќ.

Во земјотресот се оштетени околу 300 куќи, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини, пренесува агенцијата АТА.

Албанскиот премиер Еди Рама поради земјотресот го откажа патувањето во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.

На седницата на владата е одлучено полицијата да биде во состојба на зголемена готовност за да ја контролира ситуацијата по земјотресот кој најмногу се почувствува во Тирана и во Драч.

По првиот земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер, уште еден силен земјотрес ја погоди Албанија со јачина од пет степени исто со епицентар во Јадранското Море во близина на Драч.

Од тогаш не престанува серијата помали потреси.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе