Шпанија

Најмалку 1 мртов, 16 повредени во судир на два воза во Каталонија (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а 16 се повредени откако два патнички воза се судрија во Каталонија, објави локалната служба за цивилна заштита.

Снимките од местото покажуваат дека двата воза буквално се претопиле еден во друг, додека шокираните и повредени патници лежат на соседните железнички пруги.

Инцидентот се случи доцна попладнево во општината Сан Висенте де Кастељет во Барселона. Двата воза, кои требало да се движат на различни пруги - претрпеле значителна штета, но успеале да останат на шините.

Точната причина за инцидентот засега не е позната. Операторот на возот објави дека ќе покрене внатрешна истрага за несреќата.

Човекот што загина во судирот наводно е возачот на возот што бил на правилната пруга.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе