Најмал број починати и новозаразени во Италија во последниот месец

Уште 433 лица заразени со коронавирусот починаа во Италија во последните 24 часа, што е најмала дневна смртност во земјата во изминатиот месец, соопштија властите.

Бројот на новозаразените во Италија е 3.047, што е најмалку на дневно ниво за повеќе од еден месец.

Заразата со коронавирус е потврдена во Италија кај 178.972 лица, од кои починаа 23.660. Повеќе смртни случаи од последиците од коронавирусот имаат само Соединетите Американски Држави, каде што има над 40.000 мртви, според официјалните бројки.

Италијанските власти проценуваат дека официјалниот број на заразени и починати од болеста ковид-19 е многу поголем од реалниот поради недостиг од сеопфатно тестирање.

Притисокот на преоптоварениот здравствен систем на Италија продолжи да опаѓа. Денес повторно е намален бројот на зафатени кревети во единиците за интензивна нега на италијанските болници, од 2.733 на 2.635.

Во болниците има 25.033 лица, 26 помалку од вчера.

Властите почнаа да размислуваат за ублажување на строгите забрани за движење, продолжени до 3 мај.

Заразата со коронавирусот во светот е потврдена кај над 2.400.000 луѓе, од кои повеќе од 165.000 починале.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе