Најлошото ковид-сценарио е зад нас, рече директорот на СЗО за Европа

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши во почетокот на 2022 година, пренесува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Во интервју за данската државна телевизија ДР Клуге потенцираше дека и 2021 година ќе биде година на ковид-19, но година во која многу полесно ќе се справуваме со епидемијата во споредба со 2020 година.

Клуге верува дека најлошото сценарио е зад нас и дека сега има повеќе податоци за вирусот во споредба со 2020 година, кога тој почна да се шири.

Истакнувајќи дека никој не може однапред да го знае развојот на епидемијата, Клуге изнесе сопствена прогноза: „Мислам дека епидемијата ќе заврши во почетокот на 2022 година“.

„Сè уште ќе го има вирусот, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Ова е оптимистичка порака“, изјави Клуге.

Зборувајќи за мутациите на ковид-19, Клуге објасни дека мутациите се нормални и дека вирусот се обидува да се приспособи на заразеното лице, но дека нивното брзо ширење го загрижува.

Тој рече дека внимателно следат колку се ефективни вакцините развиени против ковид-19 поради брзината на ширење на мутациите. Нагласувајќи дека вирусот нема поради мутациите да излезе од контрола, но дека ќе се зголеми притисокот врз веќе преоптоварените здравствени системи, Клуге истакна дека мутациите мора да се сфатат многу сериозно.

Клуге рече дека најголемиот проблем ќе се појави кога оние што се вакцинирани ќе се најдат во иста околина со луѓе што не се вакцинирани, така што многу важен фактор е распоредот на вакцинирањето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе