Најкрвавиот масакр во американските училишта годинава: сѐ траеше 5 минути (ВИДЕО)

Американската јавност од синоќа е во шок поради инцидентот што се случи во училиште во Мичиген. 15-годишник со пиштол влегол на училишната територија и убил тројца ученици, а осум тешко ранил. Иако полицијата сѐ уште го истражува случајот, невозможно е да не се постави прашањето - кој е мотивот за ваквото страшно злосторство. Според Њујорк тајмс, ова е најкрвавото масовно пукање во училиште во САД годинава.

Фото: ЕПА

По пријавата за пукање, на местото набргу пристигнала полиција, која го опколила училиштето. Во меѓувреме, тинејџер (15) уби три лица на возраст од 14, 17, 16 години.

Осум лица добија тешки телесни повреди. Две лица се оперирани и се на интензивна нега, додека шестмина повредени се во стабилна состојба.

Полицијата сѐ уште ги истражува околностите што довеле до инцидентот во училиштето, но засега се сомнева дека осомничениот дејствувал сам. Тој бил уапсен без да даде отпор, откако испукал 15 до 20 истрели.

„Сè траеше само пет минути“, изјави заменик-шерифот Мајкл Мекејб. По апсењето, осомничениот не сакал да разговара со полицијата, туку одбрал да се брани молчејќи.

„Сочувствувам со семејствата, кои минуваат низ незамислива тага поради загубата на најблиските“, рече американскиот претседател Џо Бајден.

Заменик-шерифот Мекејб го пофали училиштето и неговите вработени за подготвеноста за ваков настан и за навремената евакуација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе