Најголемо мафијашко судење последниве децении: осудени се 70 члена на Ндрангета

Судот во Италија осуди 70 члена на мафијашката група Ндрангета, во првата фаза на најголемо мафијашко судење во минатите неколку децении.

Фото: ЕПА

Во следните две години 355 припадници на мафијата и корумпирани службеници ќе се соочат со судот поради учество во најбогатата и најмоќна мафијашка група во Италија.

На судењето учествуваат повеќе стотици адвокати и речиси 1.000 сведоци.

Вчерашните „максисудења“ се одржани зад затворени врати во специјално подготвена судница во калабрискиот град Ламеција Терме.

Обвинетите имаа на располагање забрзана судска постапка и намалени казни за третина ако се утврди вината. Судиите во оваа постапка осудија шест лица на по 20 години робија. Ослободени се 21 лице.

Ндрангета е криминална мрежа што ја сочинуваат околу 150 семејства. Ова судење се однесува само на едно од нив – семејството Манкузо.

Долгиот список на обвинувања вклучува убиство, обид за убиство, изнуда, оддавање државни тајни, злоупотреба на положбата и лихварство.

Наводниот бос Луиџи Манкузо (67) со прекар „Вујко“ и поранешниот сенатор Џанкарло Пители (68) подоцна ќе се соочат со подолг судски процес.

Целиот случај го води Никола Гратери, еден од италијанските најпочитувани антимафијашки обвинители.

Тој помина децении во борба против мафијашките кланови и поради тоа повеќе од 30 години живее под заштита, наведува Би-би-си.

Ндрангета се издигна по големите судења на крајот на 1980-те години, кои значително ги ослабеа семејствата на сицилиската мафијашка организација Коза ностра.

Ндрангета е вмешана во широк спектар илегални активности, но нејзина специјалност е трговијата со кокаин и се верува дека оваа мафијашка организација контролира околу 80 отсто од европската трговија со таа дрога.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе