Требало да го депортираат во Израел

Најголемиот дилер на дрога на интернет им избегал на Украинците на аеродром

Украинската национална полиција потврди дека Амос Дов Силвер, основачот на најголемата светска мрежа за продажба на дрога преку интернет, избегал од киевскиот меѓународен аеродром Бориспил.

„Да, се случи (бегството). Меѓутоа, полицијата не е официјално информирана за тоа. Неговата депортација беше исклучиво во надлежност на Украинската безбедносна служба (СБУ), а тие не ги информирале полицијата, канцеларијата на државниот обвинител ни која било од агенциите кои се обично вклучени во таквите процедури. Затоа сето ова е во нивна надлежност“, соопшти украинската полиција.

Украинската безбедносна служба сѐ уште нема дадено официјален коментар.

Претходно украинскиот онлајн весник Страна извести дека бегството на „кралот на дрогата“ се случило во четвртокот вечерта, кога бил доведен на аеродромот за да биде депортиран назад во Израел.

Весникот објави дека тој минал низ пасошката контрола и дека му била тргната алката за следење од ногата.

Тој потоа се упатил кон бесцаринската зона, пред да исчезне.

Одлуката за депортацијата на израелскиот државјанин била донесена на 15 август иако украинските власти не ги известиле израелските колеги за тоа, туку ја изведувале самите.

Амос Дов Силвер е основач на најголемата глобална дистрибуциска мрежа на држга преку интернет, и има државјанство на САД и Израел.

Уапсен бил во Киев на 15 март на барање на Израел.

Во тоа време украинските власти го означиле апсењето на Силвер како најголемата успешна заедничка операција на украинската полиција и колеги од странство.

Во јули Силвер бил пуштен од притвор пред судењето и бил ставен во домашен притвор.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе