Најголемата нуклеарна централа во Европа е затворена

Работата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, е целосно прекината како безбедносна мерка, соопшти утрово Енергоатом државната агенција задолжена за електраната.

Фото: ЕПА

Електраната во Запорожје беше „целосно исклучена“ откако агенцијата го исклучи реакторот 6 од мрежата. Во тек се подготовките за негово разладување и пренесување во ладна состојба, се вели во соопштението.

Во средата Киев ги повика жителите на руската област околу електраната, да се евакуираат заради сопствена безбедност.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на нуклеарната централа, што се заканува со нуклеарна катастрофа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на демилитаризација на околната област.

Енергоатом објави дека постои висок ризик од натамошно оштетување на електричната мрежа што ја снабдува електраната, поради што централата ќе мора да премине на „напојување со дизел генератори“, што е ограничено со „количината на достапното дизел гориво“.

„Затоа, беше донесена одлука да се исклучи реакторот 6 и да се стави во најбезбедна состојба“, се вели во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе