Најголема провокација досега: Кина со 28 воени авиони упадна во воздушниот простор на Тајван

Кинеските воени воздушни сили вчера испратија 28 воени авиони, вклучително ловци и бомбардери способни да носат нуклеарно оружје, во воздушниот простор на Тајван.

Screenshot

Според Си-ен-ен, ова е најголемиот ваков инцидент откако Тајванската противвоздушна одбрана воведе т.н. зони на идентификација минатата година.

Во групата воени авиони имало ловци, бомбардери, извидници и специјални против-подморнички авиони, пренесува Си-ен-ен, потсетувајќи дека на 12 април Кина испратила 25 воени авиони во воздушниот простор на Тајван.

Официјален Пекинг одби да го коментира инцидентот, но тајмингот е значаен со оглед на неодамнешната изјава на Г7, која ги обединува најбогатите земји на Запад. Имено, Г7 ја осуди Кина за бројни повреди на човековите права и побара независна истрага за потеклото на коронавирусот. Пекинг ги нарече ваквите изјави „клеветнички“.

Тајван не е меѓународно признат, а Кина официјално го смета за нејзина одметната 23-та покраина и инсистира на тоа дека порано или подоцна, мора да се врати под нејзин суверенитет. Инаку, кинескиот претседател Си Џинпинг, под кого Кина зазеде многу поагресивен став на светската сцена, вети дека Тајван никогаш нема да стане официјално независен, дури и по цена на насилно враќање на островот под власта на Пекинг.

Затоа, САД стравуваат дека повеќе нема да можат да ја одвраќаат Кина од насилно окупирање на Тајван, како што тоа успешно го прават изминатите 70 години, со комбинација на пресметана дипломатија и воена надмоќ. Имено, цело време, откако поразената националистичка страна во граѓанската војна најде засолниште во Тајван во 1949 година, Кина инсистира на тоа дека постои само една Кина и дека Тајван не е вистинска држава. САД официјално цело време се согласуваат со доктрината „една Кина“, додека во пракса обезбедуваат опстанок на друга Кина, односно Тајван, заштитувајќи ја од кинеската агресија.

Но, дека ситуацијата драматично се менува, потврди и американскиот адмирал Фил Дејвидсон, сегашен командант на индо-пацифичката команда кога на сослушување во март во Конгресот предупреди дека кинеска инвазија на Тајван може да се случи „во следните десет години, всушност следните шест години“.

Американската војска на почетокот на овој месец предупреди дека Кина најверојатно ќе го забрза планот за преземање контрола над Тајван.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе