Минск

Најголем раскол во христијанството во последните 1.000 години - Руската црква ги прекина односите со Вселенската патријаршија

Руската православна црква соопшти дека одлучи да ги прекине сите односи со Вселенската патријаршија откако таа најави дека ќе ја поддржи автокефалноста на Украинската црква, односно нејзиното отцепување од Московската патријаршија.

Рускиот митрополит Иларион денеска во Минск изјави дека Руската црква немала друг избор, освен да ги прекине односите со патријаршијата во Цариград (Истанбул), јави Ројтерс.

Минатата недела Украина доби дозвола Вселенската патријаршија да покрене процес на воспоставување на автокефална Украинска црква, што, како што јави Ројтерс, за официјален Киев е запирање на мешањето на Русија во внатрешните работи на Украина.

За Руската црква ова е најголемиот раскол во христијанството во последните 1.000 години.

Ова значи дека Руската православна црква и Вселенската Патријаршија од вечерва нема повеќе да сослужуваат.

Членовите на Синодот на Руската Црква одлучиле дека повеќе не можат да останат во канонско единство со Вселенската патријаршија.

„Прифаќањето во заедница на дисиденти и личности анатемизирани во друга локална црква со сите „епископи“ и „свештеници“ раководени од нив, ја става Константинополската патријаршија надвор од канонското поле и, на наша голема тага, ни оневозможува да ја продолжиме евхаристиската заедница“, стои во одлуката на Руската црква.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе