За пребегнатиот војник се трагало повеќе од месец

Најдено телото на „белгискиот Рамбо“, се заканувал дека ќе го убие главниот виролог

Телото на Јирген Конингс, пребегнатиот војник по кој белгиската полиција трагала повеќе од еден месец, е најдено во националниот парк Хоге кампен.

Screenshot

Телото на Конингс го откриле шетачи во близина на местото Дилсен Стокем. Според првичните информации, тој извршил самоубиство.

46-годишниот Конингс, кого медиумите го нарекоа „белгискиот Рамбо“, исчезна на 17 мај, откако од две воени касарни, во кои бил стациониран, украл четири противтенковски ракетни фрлачи, митралез и пиштол.

Во пораката која ја оставил зад себе напишал имиња на 10 лица кои сака да ги ликвидира. На листата наводно биле главниот белгиски виролог Марк ван Ранст и министерката Лидивин Дедонде.

По Конингс беше придвижена масовна потрага за време на која полицијата и војската прочешлале големи делови од националниот парк.

Тој зад себе имал три децении воена кариера, како експерт снајперист, пред на Фејсбук да почне да објавува закани и расистички коментари. Поради тоа бил дисциплински казнет, но и понатаму му било дозволено да работи со оружје.

Дури по неговото исчезнување се дознало дека Конингс бил на листата на воено разузнавачката служба како десничарски екстремист. Тој, исто така, од страна на службата која ги проценува терористичките ризици, бил класифициран како опасен.

Тогаш во белгиската јавност беше отворено прашањето како таков човек можел да има пристап до оружје.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе