Продолжува потрагата по црната кутија

Најдени остатоците на кинескиот авион, нема преживеани (ВИДЕО)

Во најдените остатоци на авионот на Чајна истерн кој се урна со 132 лица во него на југот на Кина нема преживеани, јавија кинеските државни медиуми, додека продолжува потрагата по црната кутија која треба да го разјасни текот на несреќата.

EPA-EFE

Најден е трупот на авионот, но во него нема преживеани, јави телевизијата ЦЦТВ по околу 18 часа по падот.

Во потрагата по преживеани учествувале неколку стотици пожарникари и спасувачи. Сега се трага по црната кутија.

Деловите на боиногот 737-800 се расфрлани по ридови кои ги зафатил пожар по првата кинеска авионска несреќа на комерцијален авион од 2010 година. Најдени се и изгорени остатоци на лични документи и паричници, пренесуваат кинеските медиуми.

Седум години стариот „боинг“ се урна вчера од висина од 8.000 метри, соопшти контролата на воздушниот сообраќај.

Во авионот имало 123 патници и девет члена на екипажот, сите кинески државјани. Ова е најстрашната авионска несреќа во Кина во речиси 12 години.

Американската авионска компанија Боинг соопшти дека техничките експерти се спремни да помогнат во истрагата на несреќата која ја водат кинеските цивилни воздухопловни власти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе