Најдена подморницата со која Хитлер наводно „избегал во Јужна Америка“

Исчезнатата германска подморница со која, според теориите на заговор, нацистичкиот лидер Адолф Хитлер избегал во Јужна Америка по Втората светска војна, е најдена по 73 години во близина на данскиот брег.

У-3523 ѝ припаѓала на класата 21 и е една од подморниците дизајнирани за продолжен престој под вода. Нејзиниот дострел овозможувал непрекинато пловење до Јужна Америка.

Ја потопил британски бомбардер Б-24 либерејтор на 6 мај 1945 година, истиот ден кога сојузниците ја ослободиле Данска од нацистичката окупација. Притоа загинале сите 58 члена на екипажот.

Сепак, тоа што подморницата не беше најдена во последните децении поттикна многу гласини, вклучувајќи ја и таа дека Хитлер ја употребил за бегство во Јужна Америка.

Истражувачите потврдија дека нема докази дека кој било нацистички лидер се наоѓал во подморницата.

У-3523 е најдена во близина на Скаген, најсеверниот дански град, 15 километри подалеку од позицијата што ја означил екипажот на британскиот бомбардер.

Подморницата во моментот на потопувањето се движела кон Норвешка, а вкопана е во морското дно, на длабочина од 123 метри.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе