Хрватските медиуми јавуваат дека е најден и вториот пилот, повреден, но жив. Според најновите информации, повредени му се нозете.
Претходно беше соопштено дека пилотите се катапултирале при падот авионот.
Како што неофицијално дознава хрватскиот весник Јутарњи лист, причина за падот на „мигот“ во Хрватска е откажување на моторот.