Најчестите симптоми при зараза со омикрон, според Бритиш медикал џурнал

Научното списание Бритиш медикал џурнал ги објави најчестите симптоми при инфекција со омикрон.

Фото: Пиксабеј

Податоците за најчесто пријавените симптоми на омикрон се собрани од студија спроведена од здравствената компанија Зое во соработка со лондонскиот Кингс колеџ.

Петте најчесто пријавени симптоми се:

• течење на нос

• главоболка

• замор (и благ и тежок)

• кивање

• болки во грлото

Првичната анализа била спроведена на потврдени случаи на омикрон во Лондон. Главниот град на Велика Британија е избран поради поголемото присуство на омикрон отколку во другите делови на Обединетото Кралство.

На списокот на симптоми што го објави британската влада се и зголемена температура, кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, кои беа најчестите симптоми на изворната алфа варијанта на короната.

Тим Спектор, водечки научник на истражувањето на симптомите на омикрон, вели дека барал да се ажурира листата на симптоми уште откако се појавила делта варијантата.

„Пораките што ги праќаа од владата не беа доволно јасни. Мислам дека повеќето луѓе ги препознаваат симптомите на настинка. На тој попис едноставно би додал ‘симптоми слични на симптомите на настинка’. Треба да ги едуцираме луѓето, да се вратиме на основите и да кажеме: ако имате симптоми на настинка, држете се подалеку од луѓето. Не треба да ги чекате оние класични симптоми на ковид“, рече Спектор.

За да се споредат симптомите на делта и омикрон, земени се податоците за симптомите на делта од неделата кога тој сој беше доминантен и споредени со најновите податоци (3-10 декември 2021 година). Првичната анализа не покажа јасни разлики во раните симптоми на делта и омикрон (три дена по тестирањето).

Спектор рече дека е клучно јавноста да биде свесна за симптомите на кои треба да се внимава, особено во областите каде што има висока стапка на инфекција со омикрон.

„Ако имате симптоми кои потсетуваат на блага или тешка настинка, голема е веројатноста да имате ковид ако во моментов сте во област како Лондон“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе