Најбогатиот човек во Украина ја тужи Русија пред Европскиот суд за човекови права

Најбогатиот човек во Украина денеска поднесе тужба против Русија пред највисокиот Европски суд за човекови права, барајќи компензација за загубите од милијарди долари од својот бизнис од почетокот на руската инвазија.

Фото: Википедија

Ринат Ахметов, сопственик на челичарницата Азовстал во Мариупол каде што украинските борци му пркосеа на неколкунеделното руско бомбардирање, ја тужеше Русија за „сериозно кршење на неговите имотни права“ пред Европскиот суд за човекови права, изјавија од неговата холдинг компанија Систем капитал менаџмент или СКМ.

Се наведува дека Ахметов бара и судски налог „да ја спречи Русија да се вклучи во понатамошни блокади, грабежи, пренасочување и уништување на житото и челикот“ произведени од неговите компании.

„Злото не може да остане неказнето. Злосторствата на Русија против Украина и нашиот народ се огромни, а виновниците за тие злосторства мора да одговараат“, рече Ахметов, цитиран од СКМ.

„Ограбувањето на извозните стоки на Украина, како житото и челикот, веќе резултираше со повисоки цени и луѓе кои умираат од глад ширум светот. Овие варварски дејствија мора да се прекинат, а Русија мора целосно да плати“.

Како одговор за тужбата, Дмитриј Песков портпаролот на Кремљ рече дека Русија повеќе не е под надлежност на Европскиот суд за човекови права.

„Ја оставивме надлежноста на релевантните документи. Затоа, тука одговорот е апсолутно очигледен“, рече тој.

Русија претходно ги отфрли украинските наводи за кражба од териториите што ги окупираше за време на специјалната воена операција во Украина.

Ахметов минатиот месец рече дека неговата компанија Метинвест, најголемиот производител на челик во Украина, претрпе загуби од 17 до 20 милијарди долари поради руското бомбардирање на нејзините челичарници во Мариупол. Конечната сума ќе биде одредена во судска постапка, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: Википедија

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе