Сингапур

Најбизарен момент на самитот: Ким, погледни го мојот „ѕвер“ (ВИДЕО)

Како најбизарен момент од средбата меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун во Сингапур, светските медиуми го издвоија оној кога Трамп на Ким му го покажа својот „ѕвер“.

Станува збор за оклопно возило маскирано во лимузина.

Трамп, според лондонски Дејли мејл, му дозволи на лидерот на Северна Кореја привилегија каква што имаа само ретки државници преку отворената задна врата на специјално дизајнираниот кадилак да ја види внатрешноста на претседателскиот автомобил.

Ова, како што известуваат медиумите, се случило за време на дружењето на двајцата претседатели при прошетката околу хотелот Капела, по работниот ручек, кога претседателот на САД го повел Ким Џонг Ун да му го покаже својот „ѕвер“, како што нагалено го нарекува робусното блиндирано претседателско возило вредно 1,6 милион долари.

Дејли мејл пишува дека Трамп очигледно имал намера да го импресионира својот колега, инаку лидер на една од најизолираните и најсиромашни држави.

На снимката може да се види дека Ким погледнува во возилото, а според изразот на лицето, не може да се заклучи дека е претерано воодушевен.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе