Нагол пресврт во американската политика, Трамп ја поддржа турската воена операција во Сирија

Голема промена во воената политика на Соединетите Држави во Сирија: Белата куќа во неделата соопшти дека претседателот Трамп ја поддржал турската воена операција со која ќе бидат збришани курдските сили поддржани од Американците во близина на границата во Сирија.

Турција ги смета курдските борци за терористички бунтовници и долго време се обидуваше да ја прекине американската поддршка за групата. Но курдската група, позната како Сириски демократски сили или СДФ, е им најсигурен партнер на Соединетите Држави во борбата против Исламска држава во стратегискиот агол на северна Сирија.

Сега, одлуката на Трамп е спротивна на препораките на највисоките функционери во Пентагон и Стејт департментот, кои се обидоа да го задржат присуството на мала војска во североисточна Сирија за да продолжат со операциите против Исламска држава, или ИСИС, и да дејствуваат како критична противтежа за Иран и Русија.

Претставници на администрацијата, вели Њујорк тајмс, изјавија дека Трамп за ова прашање во неделата разговарал директно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Официјалните лица посочија дека 100 до 150 американски воени лица распоредени во таа област ќе бидат повлекувани однапред пред секоја турска операција, но дека нема да бидат целосно повлечени од Сирија.

„Турција наскоро ќе ја почне својата долго планирана операција во северна Сирија“, се вели во соопштението на Белата куќа. „Вооружените сили на Соединетите Држави нема да ја поддржат ниту ќе бидат вклучени во операцијата, но силите на Соединетите Држави, кои го поразија територијалниот 'калифат' на ИСИС, веќе нема да бидат во непосредна близина.“

Не е веднаш јасно колку ќе биде обемна турската операција, или дали турските сили ќе се судрат со Курдите поддржани од Американците, развој што може да загрози многу од придобивките во борбата против тероризмот постигнати од американската војска во борбата против ИСИС.

Многу експерти за Сирија ја критикуваа одлуката на Белата куќа и предупредија дека американското напуштање на своите курдски сојузници може да го прошири осумгодишниот сириски конфликт и да ги поттикне Курдите да стапат во сојуз со сириската влада на претседателот Башар ал Асад во борбата против многу поголемата и технолошки понапредна турска армија. 

Еден официјален претставник, кој зборувал под услови на анонимност, рекол дека американските сили се повлекуваат од североисточна Сирија за да „се тргнат од патот“.

Официјалните лица рекле дека воената и политичката ситуација е напната бидејќи американската војска се наоѓа меѓу два важни сојузници во граѓанската војна во Сирија. Турција е голем НАТО-сојузник, но курдската СДФ е партнер во борбата против ИСИС.

„Ние нема да ги поддржуваме Турците и нема да ја поддржуваме СДФ“, рекол официјалниот претставник. „Ако влезат во борба, ние ќе останеме надвор од тоа“.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе