Коронавирус

Нагло се зголеми бројот на заразени во Русија

Бројот на регистрирани заразени од коронавирус нагло се зголеми во Русија во последните 24 часа, соопшти Роспотребнадзор.

Заразеноста со коронавирус е потврдена кај уште 163 лица, со што бројот на пациентите е зголемен на 658.

Пријавени се нови случаи во 22 региони, а најголем број се во Москва, 120.

Рускиот претседател Владимир Путин попладнево ѝ се обрати на нацијата по повод пандемијата на коронавирус.

„Ве молам немојте да мислите како што луѓето често си мислат - не може да дојде до мене. Може да дојде до секого“, рече рускиот претседател и најави низа драстични мерки за да се запре ширењето на вирусот, како што се укинување на бесплатниот јавен превоз за пензионерите, затворање на библиотеките, дискотеките, клубовите и слични објекти за забава, воведување принудни одмори за ранливите групи, бенефиции и плаќања, мораториум на даноците и казните.

„Најбезбедно сега е дома“, рече Путин.

Засега во Русија не се пријавени смртни случаи од коронавирус, иако во болниците умираат пациенти на кои им е дијагностицирана пневмонија.

Тие не се вклучени во групата на болни од ковид-19 бидејќи нивните тестови биле негативни или дури не биле ни тестирани за вирусот, според Њузру.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе