Нафта се изли во сибирска река, Путин прогласи вонредна состојба

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако во еколошки инцидент 20.000 тони нафта се излија во река која се наоѓа во Арктичкиот круг.

Резервоар за гориво на електрана во близина на сибирскиот град Норилск се сруши минатиот петок, по што повеќе од 20.000 тони нафта се излиja во реката, јавува Би-би-си.

Путин бил бесен откако дознал дека владини претставници за несреќата дознале два дена откако се случила.

Со електроцентралата управува подружница на Норилск Никел, водечка светска компанија за производство на никел и паладиум.

На вчерашната видео конференција, Путин остро го критикуваше лидерот на компанијата за задоцнетиот одговор.

„Зошто владините агенции дознале за тоа два дена по настанот?“ го праша Сергеј Липин, раководителот на компанијата која управува со електраната.

„Дали ќе дознаваме за вонредните ситуации преку социјалните мрежи?“, додаде Путин.

Гувернерот на покраината, каде се наоѓа електраната, претходно му рече на Путин дека дознал за несреќата во неделата, откако „се појавија алармантни информации на социјалните мрежи“. Се работи за конатминирана област со површина од 350 квадратни километри, јавуваат државните медиуми.

Путин нареди да се започне истрага за несреќата, а управителот на електроцентралата е затворен.

Норилск Никел во соопштение порача дека инцидентот бил пријавен на „навремен и правилен“ начин.

Несреќата се случила откако потпорните темели на резервоарот почнале да пропаѓаат. Резервоарот бил изграден на пермафрост, постојано замрзнато тло, што се топи како резултат на климатските промени.

Нафтата достигнала до 12 километри оддалечената река Амбарнаја, чии делови се во црвена боја. Поради воведувањето на вонредна состојба, дополнителни сили ќе бидат испратени во областа за да помогнат во операциите за расчистување.

Се верува дека ова е втора најголема несреќа во модерната руска историја, во однос на количината на штетен материјал за природата, изјави експертот на Светскиот фонд за природата за АФП.

Ова не е прва несреќа во погоните на Норилск Никел. Таа компанија во 2016 година призна дека поради несреќа во еден од погоните реката станала црвена.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе