„Независноста на Косово е неповратна“

Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент: Нормализацијата меѓу Србија и Косово е приоритет за влегување на двете земји во ЕУ

Во извештајот за Косово изгласан на Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент (АФЕТ), европските пратеници ја повикаа Приштина во својот пристап во дијалогот со Белград да се позанимава со трајните внатрешни проблеми.

EPA-EFE

Во извештајот се истакнува дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е приоритет и предуслов за пристапувањето на двете земји во ЕУ. Тие ја повикаа владата на Косово да се воздржи од „какви било дејства кои би можеле да ја поткопаат довербата меѓу страните и да го доведат во прашање конструктивното продолжување на дијалогот“.

Во извештајот се изразува жалење што Косово продолжува да се бори со политичка нестабилност и ги повикаа сите политички сили во земјата да го реформираат политичкиот систем со цел подобрување на правната безбедност и процесот на формирање нова влада.

Европските пратеници со овој документ напоменаа дека пет држави членки на ЕИ сè уште не го признаваат Косово и го повторија својот повикот тоа да го направат. Се истакнува дека „независноста на Косово е неповратна и дека признавањето од сите држави членки на ЕУ би било корисно за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Во извештајот се истакнува дека мора да се интензивира борбата против корупцијата на сите нивоа, и се истакнува загриженоста што, и покрај соодветната нормативна рамка, „косовскиот правосуден систем и понатаму се поткопува со недостиг на одговорност, прашањата за транспарентност и политичкото мешање“.

Автор на извештајот е известувачката за Косово во ЕП, Виола фон Крамон, која изјави дека овој документ е доказ дека мнозинството во Европскиот парламент го поддржуваат Косово на европскиот пат, и дека е јасен потенцијалот на земјата на патот кон ЕУ.

„Меѓутоа, има уште многу работа на Косово. Пред сè, потребна ни е политичка стабилност за да ги спроведеме сите неопходни реформи. Но, свесни сме дека сите мораме да ја завршиме домашната задача“, порача Фон Крамон надоврзувајќи дека на редовниот повик на Европскиот парламент да се одобри безвизен режим за граѓаните на Косово, повторен и во овој извештај.

По гласањето во Надворешнополитичкиот одбор, извештајот за Косово ќе биде повторно изгласа на пленарната седница во Европскиот парламент кога ќе добие верзија на резолуција на ЕП.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе