Поранешната американска амбасадорка во Украина

„Надворешната политика на САД е неморална“

Поранешната американска амбасадорка во Украина предупреди дека Соединетите Американски Држави усвоиле „неморална“ надворешна политика која „довербата ја заменила со закани, страв и конфузија“.

Во првиот јавен коментар откако ја напушти американската надворешнополитичка служба, Мари Јованович кажа дека начинот на кој претседателот Доналд Трамп ја води надворешната политика ризикува да ги отуѓи сојузниците и да ги турне во рацете на други партнери кои ги сметаат за посигурни.

Трамп дипломатката од кариера ја смени од функцијата во Киев минатиот мај, во времето кога претседателот и неговите соработници вршеле притисок врз украинската влада да отвори истраги за политичките противници. Јованович понуди докази за кампањата за вршење притисок на сослушувањата во Конгресот во рамки на постапката за отповикување, пред целосно да се повлече од надворешнополитичката служба.

„Мораме да бидеме принципиелни, доследни и сигурни“, изјави таа при примањето награда за дипломатија на универзитетот Џорџтаун. „Наметливата, неморална и неизвесна надворешна политика, која наместо доверба користи закани, страв и конфузија, не може да функционира долгорочно“.

Јованович додаде дека во одреден момент ќе стане неизбежно она што некогаш било незамисливо.

„Нашите сојузници кои имаат еднакво право да дејствуваат според сопствениот интерес како и ние да почнат да бараат посигурни партнери чии интереси можеби не се поклопуваат со нашите“, кажа таа.

Јованович, која беше поздравена со овации на студентите и дипломатите, предупреди дека Стејт департментот е „во неволја“ и додаде дека на неговото раководство му недостифа политичка визија, морална јаснотија и лидерство.

Таа ги повика студентите да тргнат по нејзините стапки бидејќи на САД „им се потребни дипломати кои се спремни и способни“.

„На оваа земја ѝ е потребна силна надворешна политика“, истакна таа.

„Звучи старомодно во нашиот свет на висока технологија, но суштината на дипломатијата е во човечката интеракција, и изградбата на односи од доверба е поважна од кога било. Не е подеднакво возбудливо како испраќањето маринци, но е поевтино и поефикасно на долги патеки“, оцени Јованович.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе